Federazione Nazionale Agricoltura
  • Home
  • Course
    • English
    • Español
    • Italiano
    • јазик
    • Polski
    • Română
    • Slovenčina
    • Srpski
  • Menu Menu

9. ЦЕЛИНА: Европски зелен договор и земјоделство

(MK) Empowering Workers for a Better Information, Consultation and Participation in Agriculture Sector 9. ЦЕЛИНА: Европски зелен договор и земјоделство

Европскиот зелен договор, одобрен во 2020. година, е собир на политички иницијативни со цел Европа да стане прв климатски неутрален континент до 2050. година. Тоа ќе бара длабоки и опсежни промени во сите сектори на општеството и стопанството, а земјоделството ќе биде помеѓу секторите на прва линија.

Стратегија на ЕУ Farm to Fork  (“Од фарма до вилушка“), исто така е одобрена во 2020. година, една е од клучните стратегии на Европскиот зелен договор, со цел за создавање на социјален, еколошки и економски одржливи систем за храна, отпорен на секоја идна криза.

Додека земјоделството во ЕУ е единствен голем систем на светот кој што ги намалило своите емисии на гасови со ефект на стаклената градина (за 20 отсто од 1990. година), тоа останува еден од главните покренувач на климатските промени и дегенерација на животната средина, одговорна за 10 отсто на емисиите на гасови со ефект на стаклената градина во ЕУ.

Истовремено, работниците во земјоделството веќе директно ги чувствуваат последиците од хидрогеолошката нестабилност, деградација на земјиштето и ерозија на земјиштето врз условите на работа.

Климатските промени веќе ги зголемиле ризиците по здравјето на работниците, со зголемена изложеност на екстремни температури и загадување на воздух, зголемен ризик од топлотна исцрпеност, дехидрација и заболувања поврзана од топлина.

Тоа, исто така довело до зголемена потреба за флексибилност и прилагодливост, бидејќи организацијата на работењето и употребата на технологии мораат брзо да се прилагодат, зголемувајќи ја потребата за дополнителна обука на работниците.

Земјоделството е еден од секторите со висок удел на тнр. „кафеави работи“ (brownjobs), односно работи што се однесуваат на високо загадувачки дејности кои што бараат значителни структурни промени за да можат да станат климатски неутрални.

Исто така, постои висок удел на работи со ниско и средно ниво на сложеност, со висока содржина на рутина. Многу е веројатно дека врз нив ќе влијае автоматизацијата (дигитализацијата), која што често оди рака под рака со зелената транзиција.

Климатската транзиција, вклучувајќи и прилагодувања на климатските промени и креирање и спроведување на политиките кои што имаат за цел да ги ублажат, треба да биде општествено праведна.

Тоа значи дека ЕУ и земјите членки треба да усвојат мерки и да обезбедат адекватни финансиски средства за заштита на работниците, чии што  работните места ќе исчезнат или значително ќе се сменат во тој процес.

Без таквите мерки, климатските промени и климатските политики можат да имаат силни регресивни дистрибутивни ефекти – оние што веќе се најзагрозени, вклучувајќи ги и работниците на несигурни работи и со ниски плати, би можеле да ја платат најголемата цена.

Значи, општествената правичност на климатската транзиција бара вклучување на работниците во креирањето и спроведувањето на нејзините политики и мерки, вклучително и на ниво на поединечни компании.

Previous Lesson
Back to Course
Next Lesson
http://fna-learning.com/wp-content/uploads/2023/12/logo-fna-HD-768x429-1-300x168.png 0 0 aeroplano http://fna-learning.com/wp-content/uploads/2023/12/logo-fna-HD-768x429-1-300x168.png aeroplano2024-03-24 20:01:152024-03-24 20:03:269. ЦЕЛИНА: Европски зелен договор и земјоделство
Course Home
1. ДЕЛ: Учество на работниците во теорија и пркса
1. ЦЕЛИНА: Што е учество на работниците?
2. ЦЕЛИНА: Европска правна рамка за учество на работниците
3. ЦЕЛИНА: Како тоа функционира во пракса?
4. ЦЕЛИНА: Учество на работниците во време на криза
5. ЦЕЛИНА: Како да се воспостави структура за учество на работниците?
6. ЦЕЛИНА: Проверете го своето знаење за учеството на работниците во теорија и пракса
2. ДЕЛ: Учество на работниците во земјоделството
7. ЦЕЛИНА: Работни односи во земјоделството
8. ЦЕЛИНА: Предизвици за учество на работниците во земјоделството
9. ЦЕЛИНА: Европски зелен договор и земјоделство
10. ЦЕЛИНА: Проверете го своето ѕнаење ѕа учеството на работниците во ѕемјоделство
3. ДЕЛ: Како да се зголеми учество на работниците во земјоделството
11. ЦЕЛИНА: Кон подобра правна рамка и нејзината подобра имплементација
12. ЦЕЛИНА: АНЕКС – Национални акциони планови
Return to (MK) Empowering Workers for a Better Information, Consultation and Participation in Agriculture Sector

Funded by the European Union. Views and opinions expressed are however those of the author(s) only, and do not necessarily reflect those of the European Union or European Commission. Neither the European Union nor the granting authority can be held responsible for them.

Copyright © 2023 Federazione Nazionale Agricoltura

8. ЦЕЛИНА: Предизвици за учество на работниците...Lesson
Scroll to top
Login
Accessing this course requires a login. Please enter your credentials below!

Lost Your Password?
Register
Don't have an account? Register one!
Register an Account

Registration confirmation will be emailed to you.