Federazione Nazionale Agricoltura
  • Home
  • Course
    • English
    • Español
    • Italiano
    • јазик
    • Polski
    • Română
    • Slovenčina
    • Srpski
  • Menu Menu

11. ЦЕЛИНА: Кон подобра правна рамка и нејзината подобра имплементација

(MK) Empowering Workers for a Better Information, Consultation and Participation in Agriculture Sector 11. ЦЕЛИНА: Кон подобра правна рамка и нејзината подобра имплементација

Истражувањето што го спровел проектот AGRI-EW ги собрало ставовите и идеите од различни заинтересирани страни во пет земји членки на ЕУ (Италија, Полска, Романија, Словенија, Шпанија) и две земји кандидати (Србија, Северна Македонија) за тоа како да се зголеми учество на работниците во земјоделствотото.

Заинтересираните страни во многи земји, посебно претставници на работниците, сакаат да се подобрат нивните национални правни рамки, со попрецизно дефинирање на правата на инфоормирање и консултирање.

Некои од предлозите за унапредување на правната рамка вклучува:

  • проширување на обемот на правата на информирање и консултирање на поширок спектар на ситуации и одлуки кои што можат да влијаат врз правата и интересите на работниците, како што се и реструктурирање, гасење на работењето, трансфери на работењето и примена на нови технологии,
  • обезбедување на поголема транспарентност и подобар пристап до информациите што се релевантни за донесување одлуки, низ законско дефинирање на ефикасни и транспарентни механизми за комуникација, и задолжување на работодавачите да дадат целосни и благовремени информации за финансиската ситуација, учинокот и изгледите на компанијата
  • појака законска заштита на претставниците на работниците од неправедно отпуштање
  • различни облици на поттикнувања за работодавачите кои го поддржуваат учеството на работниците (како што се пониски даноци или придонеси за задолжително социјално осигурување).

Унапредување на правната рамка е важно прашање во многи земји, но само по себе не може да го реши проблемот. Законодавството само може да им даде одредени права на работниците, но нивното користење зависи од иницијативата на работниците и општиот став на работодавачите.

Иако не се очекува дека правната рамка би можела да ги обработи сите специфичности на работните односи во секторот за земјоделство, тоа би можело да се постигне во спогодба помеѓу социјалните партнери.

На овој начин би можеле да се прилагодат механизмите за информирање и консултирање за да можат подобро да ѝ одговараат на сезонската природа на работата во земјоделството и на превласта на малите, семејни домаќинства. Охрабрувачки состаноци и размена на мислења и искуства, како и заеднички тренинзи на социјалните партнери би можеле да бидат чекор напред во тој правец.

Многи работници не се доволно запознати со европската и националната правна рамка и нивните права на информирање и консултирање. Затоа би требало да се вложи повеќе напор за да можат работниците и нивните претставници да се информираат за овие права

Тоа можат да го спроведуваат синдикатите, но и организациите на работодавачи и други заинтересирани страни. Таквите активности можат да вклучуваат  и информативни кампањи, материјали со упатства и обука за работници и работодавачи со цел за разбирање на користа од учеството на работниците и правната рамка.

Посебно е важно да се подигне свеста помеѓу работодавачите и нивните организации за обострана корист од учеството на работниците, бидејќи доказите, вклучувајќи ги и оние што се собрани во истражувањето, покажуваат дека тоа може да доведе до подобро и попродуктивно работно окружување и да ја зголеми отпорноста на компанијата на различни кризи.

Општа промоција на социјален дијалог, исто така може да биде корисна за учество на работниците, посебно во случајот кога конкретните одредби за информирање и консултирање се вклучени во колективните договори.

Колективните договори би можеле да бидат посебно корисни во давањето на поконкретни и подетални одредби за правото на пристап до информации на компанијата и доверливост, бидејќи националното законодавство не е секогаш доволно јасно во врска со тоа.

Конкретни случаи на добра пракса треба да се документираат, разменуваат помеѓу земјите и да се промовираат.

Мора да се зглоеми свеста за влијанието на климатските промени врз земјоделството, значењето на зелената транзиција и за опсежност на нејзиото влијание врз условите за работа во земјоделството.

Работниците мораат да се консултираат и вклучат во одлуките што се во врска со земјоделската пракса и стратегиите за ублажување на климатските промени. Ова може да се постигне, помеѓу останатото, со создавање на заеднички одбори за заштита на животната средина на ниво на компанија. Работниците или нивните претставници, исто така можат да бидат вклучени во различни интелектуални дискусии или специјализирани работни групи или одбори.

Учеството на работниците, исто така би имало корист од тоа работниците да добиваат повеќе обука и едукација за разбирање на влијанието на климатските промени врз земјоделството и за одржлива земјоделска технологија и пракси.

Потребно е работниците да се поттикнуваат да предлагаат и спроведуваат иновативни решенија за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина и за прилагодување на климатски промени, бидејќи тие можат да играат клучна улога во проценка на влијанието на климатските промени врз условите за работа и идентификување мерки за нивно подобрување.

Задеавје и безбедност при работа, исто така е област со многу потенцијали за подобрување што би можело да се постигне со поснажно вклучување на работниците, во корист на двете страни. На пример, на работниците би можело да им се даде активна улога во планирањето, имплементацијата и евалуацијата на сите активности што се насочени кон превенцијата од професионални ризици.

Работодавачите, исто така би можеле да имаат корист од повеќе информирање и консултирање со работниците за прашањата што се однесуваат на работна ефикасност на компанијата и управување со работењето, кои што во многу земји ретко им подлегнуваат на таквите процедури.

Иако работодавачите, очигледно би ги задржале своите овластувања во донесувањето на менаџерски одлуки, посилно учество на работниците може да произведе позитивни ефекти во корпоративните процеси на донесување на одлуки, донесувајќи искуства од прва рака и посвежи идеи.

Предлозите од заинтересираните страни од пет земји членки на ЕУ и две земји кандидати за унапредување на правната рамка и праксата на учество на работниците во земјоделството во нивните земји се наоѓаат во националните акциони планови во следната целина.

Previous Lesson
Back to Course
Next Lesson
http://fna-learning.com/wp-content/uploads/2023/12/logo-fna-HD-768x429-1-300x168.png 0 0 aeroplano http://fna-learning.com/wp-content/uploads/2023/12/logo-fna-HD-768x429-1-300x168.png aeroplano2024-03-24 20:01:352024-03-24 20:03:4111. ЦЕЛИНА: Кон подобра правна рамка и нејзината подобра имплементација
Course Home
1. ДЕЛ: Учество на работниците во теорија и пркса
1. ЦЕЛИНА: Што е учество на работниците?
2. ЦЕЛИНА: Европска правна рамка за учество на работниците
3. ЦЕЛИНА: Како тоа функционира во пракса?
4. ЦЕЛИНА: Учество на работниците во време на криза
5. ЦЕЛИНА: Како да се воспостави структура за учество на работниците?
6. ЦЕЛИНА: Проверете го своето знаење за учеството на работниците во теорија и пракса
2. ДЕЛ: Учество на работниците во земјоделството
7. ЦЕЛИНА: Работни односи во земјоделството
8. ЦЕЛИНА: Предизвици за учество на работниците во земјоделството
9. ЦЕЛИНА: Европски зелен договор и земјоделство
10. ЦЕЛИНА: Проверете го своето ѕнаење ѕа учеството на работниците во ѕемјоделство
3. ДЕЛ: Како да се зголеми учество на работниците во земјоделството
11. ЦЕЛИНА: Кон подобра правна рамка и нејзината подобра имплементација
12. ЦЕЛИНА: АНЕКС – Национални акциони планови
Return to (MK) Empowering Workers for a Better Information, Consultation and Participation in Agriculture Sector

Funded by the European Union. Views and opinions expressed are however those of the author(s) only, and do not necessarily reflect those of the European Union or European Commission. Neither the European Union nor the granting authority can be held responsible for them.

Copyright © 2023 Federazione Nazionale Agricoltura

10. ЦЕЛИНА: Проверете го своето ѕнаење ѕа учеството...12. ЦЕЛИНА: АНЕКС – Национални акциони пла...
Scroll to top
Login
Accessing this course requires a login. Please enter your credentials below!

Lost Your Password?
Register
Don't have an account? Register one!
Register an Account

Registration confirmation will be emailed to you.