2. ЦЕЛИНА: Европска правна рамка за учество на работниците
Европската правна рамка за учество на работниците првенствено е одредена со рамковната Директива за информирање и консултирање (2002/14/EZ), која што ги дефинира општите принципи за минималните права на информирање и консултирање што се задолжителни за сите земји членки.
Според Директивата за информирање и консултирање, работниците во сите компании кои што вработуваат 50 или повеќе работници уживаат права на информирање и консултирање. Земјите членки, исто така можат да го намалат овој праг, што некои од нив и го направиле, обично на 20 работници.
Работниците можат да ги остварат своите права на информирање и консултирање или преку претставници на синдикатите, или преку посебните претставници на работниците што се избрани посебно за таа цел. Во некио земји таквите тела се нарекуваат работнички совети.
Правата на информирање и консултирање вклучуваат:
- Информирање за скорешниот и можниот развој на активностите на компанијата и економската ситуација,
- Информирање и консултирање за состојбата, структурата и можниот развој на вработување во компанијата и за сите предвидени превентивни мерки, посебно кога постои закана за вработувањето,
- Информирање и консултирање за одлуките кои што можат да доведат до суштествени промени во организацијата на работењето или во договорните односи.
Претставнците на работниците, исто така имаат право да се состанат со работодавачот и да добијат одговор на своето мислење.
Целта на процесот на консултирање е постугнување на договор за одлуките кои што би можеле да доведат до суштествени промени во начинот на организација на работењето или во договорните односи.
Сите претставници на работниците кои што учествуваат во процедурите за информирање и консултирање уживаат правна заштита. Работодавачот, исто така е должени да им обезбеди адекватни услови за вршење на функцијата.