3. ЦЕЛИНА: Како тоа функционира во пракса?
Учеството на работниците може да биде помалку или повеќе формално, може да ги вклучува претставниците на работниците или може да се спроведува директно, но тоа мора да биде смислена размена на информациите и ставовите за одлуките и политиките на компанијата.
Директни облици на учеството вклучуваат состаноци на претставниците на работодавачите и работниците, писмена комуникација и различни неформални начини на вклучување на работниците во донесување на одлуки на ниво на компанија.
Репрезентативни облици на учеството на работниците можат да се спроведуваат или преку претставниците на работниците кои што посебно се избрани за таа цел или преку претставниците на синдикатите.
Во мали компании можат да се поттикнуваат помалку формални и непосредни методи, додека во поголеми компании изборот на посебни претставници на работниците, или спроведување на овие процесудри преку претсавници на синдикатот, обично е најдобар и најефикесен метод.
Процедурите за информирање и консултирање најчесто се спроведуваат во писмена форма. Исто така, треба да се засноваат на квалитетни информации и да бидат правилно темпирани.
Раководството треба да им пружи на претставниците на работниците информации што се неопходни за објективен и правичен увид во учинокот на компанијата и вклучување во конструктивен дијалог.
Информациите треба да бидат потполни, но и претставени на начин на претставниците на работниците да им овозможи правилно да ги разберат и проценат.
Консултации со претставниците на работниците треба да се иѕвршат во разумен рок пред донесување на одлука, тада да им се даде прилика нивното мислење да влијае врз конечната одлука.
За да можат да ја исполнат својата улога во процедурите за информирање и консултирање, претставниците на работниците мораат да имаат редовна комуникација со работниците.
Ова вклучува како можност работниците да се информираат и консултираат во текот на процедурите на информирање и консултирање, така и редовна комуникација со работниците, овозможувајќи им да ги соберат своите мислења, потреби и поплаки.
Претставниците на работниците исто така треба да имаат соодветно време и ресурси да ја извршуваат својата функција. Националното законодавство во некои земји ги содржи одредбите за тоа, но деталите исто така можат да се одредат во спогодба со работодавачот.
Претставниците на работниците треба да користат платено работно време, да имаат пристап до сали за состаноци, комуникациска опрема и до други неопходни ресурски, како и да имаат можност да посетуваат различни простории на претпријатието и да одржуваат редовен контакт со работниците. Исто така, би требало да имаат право на платен одмор за едукација.