4. ЦЕЛИНА: Учество на работниците во време на криза
Во ситуација на криза, учеството на работниците е поважно отколку во вообичаени услови. Економските кризи, пандемиите, природните катастрофи или војните имаат зналително влијание дури и доколку работниците се наоѓаат во земјата која што само индиректно е погодена со нивните последици.
Една таква криза била пандемијата КОВИД-19, која на милиони европски работници им донесла значителни промени во секојдневниот работен живот. Воведени се разни ограничувања и нови безбедносни процедури, со последични промени во организација на работењето и условите за работа. Во ситуациите кога работниците биле вклучени во подготовка и имплементација на овие промени, резултатите обично биле подобри, а условите за работа помалку трпеле.
Додека учеството на работниците расте во кризата, истовремено обично е потешко да се спроведе во пракса, поради вонредните околности.
Некои од идеите за тоа како подобро да се користат механизмите за учество на работниците опфаќаат:
- Создавање на заеднички одбори. Основањето на кризни одбори со вклучување на претставници на рботниците и синдикатите може да ја олесни брзата и ефикасна комуникација во текот на кризата.
- Вклучување на работницте во идентификување и примена на мерките за безбедност и заштита на здравјето при работа. Тоа може да се направи со постоечките процедури за информирање и консултирање, но и со пошироко вклучување на работниците.
- Консултирање на работниците за распоредот на работното време. Флексибилноста на работното време и зголемено користење на опциите на работата на далечина можат да бидат корисни во текот на кризата. Консултирање на работниците за опциите на работното време и имплементација на работата на далечина може да помогне во пронаоѓање на решенијата кои што обезбедуваат заштита и безбедност на работниците во текот на кризата, но и ефикасна организација на работењето.
- Проценка и учење од искуство. Важно е да се процени како е решена кризната ситуација и да се обиде да се научи од ова искуство. Учеството на работниците во оваа проценка може да донесе вредни увиди и да помогне да се развијат поефикасни стратгии и мерки за идните кризи.