5. ЦЕЛИНА: Како да се воспостави структура за учество на работниците?
Воспоставување на структурата за учество на работниците на ниво на компанија обично почнува со иницијатива од страна на работниците, која што ја покренуваат претставниците на синдикатите или групите на работници.
До работодавачот обично му се обраќа во писмена форма, со јасно изразено барање за остварување на правата на работниците на иформирање и консултирање што се предвидени со европските и/или националните законодавства.
Следниот чекор е договорање со работодавачот и одредување на конкретна процедура по која ќе се врши информирање и консултирање. Ова, исто така вклучува дефинирање кој ќе ги претставува работниците во процесот, како претставниците на работниците ќе се бидат избрани или именувани, кои теми ќе бидат предмет на процедурите за информирање и консултирање и во кој облик и временски период.
Деталите за ова, обично се, барем донекаде, дефинирани со националното законодавство за работните односи, кое во сите држави членки на ЕУ мора да ја вклучи транспозицијата на Европската директива за информирање и консултирање. Меѓутоа, дури и во земјите во кои тоа детално е регулирано со закон и понатаму постои потреба и простор за дефинирање на конкретните детали за нивната примена во пракса на ниво на компанија.
Во идеален случај, ова има облик на писмена спогодба помеѓу работодавачот и претставникот на работниците или синдикатот. Таквите спогодби, исто така можат да ги прошират правата на информирање и консултирање што се утврдени со европското и националното законодавство.
Можна содржина на спогодбата на ниво на компанија:
- Детална листа на теми кои што ќе бидат покриени со процедури за информирање и консултирање,
- Временска рамка за процедури за информирање и консултирање,
- Форма во која се разменуваат информациите и мислења,
- Ресурси што се потребни за работење на претставниците на работниците (време, опрема, простории за состаноци, екстерни стручни лица, способност за комуникација со работниците, …)
- Вклученост на синдикатите,
- Временска рамка и процедура за организирање на работнички собири.
Кога ќе се усогласат деталите за процедури за информирање и консултирање, а претставниците на работниците се избрани или именувани од страна на работниците или нивниот синдикат, на двете страни што се вклучени во процесот е да ги спроведат во пракса.
Учеството на работниците може да функционира ефикасно само доколку го спроведуваат двете страни во добра намера. Тоа значи пристап до прашањето со добра волја и чувство за одговорност.
Важно е учеството на работниците да биде прифатено и поттикнато со интерна култура на компанијата. За развој на силна традиција на информирање и консултирање на ниво на компанија потребно е време, но на крај, двете страни би требало да ги чувствуваат предностите од таквата ситуација.