8. ЦЕЛИНА: Предизвици за учество на работниците во земјоделството
Учеството на работниците во повеќето европски земји е под задоволително ниво. Тоа, помеѓу останатото, значи дека уделот на компаниите што му потпаѓаат под Директивата за информирање и конслутирање или под соодветно национално законодавство кое ги воспоставило процедурите за информирање и конслутирање е помал отколку во повеќето други сектори.
Ова во голема мера може да се објасни со структурата на секторот (преовладување на мали, семејни домаќинства), со високо учество на несигурни облици на вработување (сезонски труд, неформален труд, во некои земји висок удел на странски работници) и со мал удел на работниците што се организирани во синдикати.
Покрај тоа, во многи земји секторот за земјоделство се соочува со сериозни економски, демографски и климатски предизвици, кои што често држат фокус на заинтересираните страни подалеку од учеството на работниците. Меѓутоа, овие предизвици само се дополнителни причини да се развијат и унапредат постоечките механизми на учество на работниците, бидејќи тие можат да им помогнат во нивното решавање.
Главни предизвици за учество на работниците во земјоделството:
- Превласт на малите, семјни домаќинства
- Висок удел на несигурни вработувања
- Ниска стапка на синдикализација
- Негативни ставови на раководството
- Недостаток на традиција и искуство
- Недоволно развиена правна рамка