1. ЦЕЛИНА: Што е учество на работниците?
Учеството на работниците вклучува различни облици на информирање и процедури на консултирање кои што се одвиваат помеѓу работодавачите и работниците или нивните претставници.
Целта на овие процедури е работниците да се вклучат во донесување на одлуки на ниво на компанија за прашањата кои што влијаат врз нивните услови за работа, како и врз нивните економски и социјални интереси.
Учество на работниците може да биде од корист и за работниците и за раководството. Доколку правилно се имплементира, може да доведе до поголемо задоволство со работата, подобра работна атмосфера и зголемена продуктивност.
Работниците, исто така можат да дадат корисни увиди и идеи кои што можат да и помогнат на компанијата да донесе подобри одлуки или поуспешно да се носат со различни кризи.
Иако синдикатите често активно се вклучени во овие процедури, не треба да се мешаат со колективното преговорање.
Колективното преговарање најчесто се занивама со плати, други материјални права на работниците и други аспекти од работен однос, како и со односот на работодавачите и синдикатите.
Од другата стрна, учеството на работниците вклучува различни облици на информирање, консултирање, а понекогаш и процедурите на соодлучување, кои што се занимаваат со развојот на работењето на компанијата, ситацијата во вработувањето и разни други одлуки кои што можат да влијаат врз органзација на работењето и економски и општествени интереси на нивните работници.