12. ЦЕЛИНА: АНЕКС – Национални акциони планови
Италија
Заинтересираните страни во Италија ги идентификувале следните точки како можни чекори во подобрување на нивоата и квалитетот на учеството на работниците во земјоделствотото:
- Подобрување на правната рамка, со цел за јасно утврдување на обрвска за воведување на процедурите за информирање и консултирање во сите контексти на компанијата, вклучувајќи и воведување на санкции за непочитување на оваа обврска;
- Воведување на потиици за работодавачите со добар социјален дијалог и функционални процедури за информирање и консултирање, како што се пониски даноци или придонеси за задолжително социјално осигурување;
- Воведување на јасни и прецизни одредби за процедурите за информирање и консултирање во колективни договори, како на ниво на сектор, така и на ниво на компанија;
- Подигнување на свеста за дополнителна вредност на учеството на работниците во соочувањето со предизвиците во врска со климатските промени, посебно за корисноста на придонесот и предлогот на работниците за поединечни работодавачи и целиот сектор.
Северна Македонија
Заинтересираните страни во Северна Македонија ги идентификувале следните точки како можни чекори во подобрување на нивоата и квалитетот на учеството на работниците во земјоделствотото:
- Усвојување на правната рамка за учество на работниците на ниво на компанија, вклучувајќи и транспозиција на Европската директива за информирање и консултирање;
- Промовирање на праксата на благовремено информирање на работниците за сите прашања што се однесуваат на нив, со цел да им се овозможи да го изнесат своето мислење за подобрување на ситуацијата;
- Ангажирање на работниците во процесот на производство и имплементација на сите иновации и реформи во секторот за земјоделство, вклучувајќи го и користењето на достапните средства од европските фондови;
- Вклучување на прашањата што се во врска со климатските промени во образовните програми, со цел на подигнување на општото ниво на свеста за предизвиците кои што произлегуваат од климатските промени и мерките што се преземаат за нивното ублажување.
Полска
Заинтересираните страни во Полска ги идентификувале следните точки како можни чекори во подобрување на нивоата и квалитетот на учеството на работниците во земјоделствотото:
- Зајакнување на социјалниот дијалог, посебно на ниво на компанија, за да се промовираат почести и посодржајни консултации помеѓу работодавачите и синдикатите;
- Подигнување на свеста на работниците за нивните права на информирање и консултирање, вклучувајќи и објаснување на нивната разлика и дополнителна вредност во споредба со вообичаена синдикална активност;
- Подигнување на свеста на работодавачите за постоечката правна рамка за информирање и консултирање;
- Организирање обуки и конференции со цел на промовирање на добра пракса во информирањето и консултирањето на работниците;
- Промовирање на трипартнитниот социјален дијалиг за климатските промени и зелената транзиција, која што треба да биде следена со јасно поврзан дијалог на ниво на сектор и компанија;
Романија
Заинтересираните страни во Романија ги идентификувале следните точки како можни чекори во подобрување на нивоата и квалитетот на учеството на работниците во земјоделствотото:
- Унапредување на правната рамка за учество на работниците со:
- проширување на обемот на правото на информирање и консултирање на поширок спектар на ситуации и одлуки кои што можат да влијаат врз правата и интересите на работниците, како што се реструктурирање, гасење на работењето, трансфери на работењето и примена на нови технологии,
- зајакнување на улогата на работничките совети во процесот на донесување на одлуки на ниво на компанија,
- обезбедување на подобар пристап до информациите што се релевантни за донесување одлуки, низ законско воспоставување на ефикасни и транспарентни механизми за комуникација помеѓу работодавачите и претставниците на работниците,
- зајакнување на заштита на претставниците на синдикатите и работниците од неправедни отпуштања.
- Обезбедување на подобра примена на постоечката правна рамка за учество на работниците, низ:
- промовирање на образование и подигнување на свеста помеѓу земјоделските работници за нивните права на информирање и консултирање преку информативни кампањи, материјали со упатства и обука за работници и работодавачи,
- промовирање на мерки за воведување на механизми за информирање и консултирање на ниво на компанија, како што е создавање на заеднички или консултативни одбори и воспоставување на формални канали за комуникација помеѓу работодавачите и работниците,
- промовирање на социјалниот дијалог помеѓу синдикатите, работодавачите и Владата, вклучувајќи и усвојување на јасни одредби за информирање и консултирање во колективни договори,
- воспоставување на системите за следење на механизмите за информирање и консултирање, што се засновани на редовна проценка, собирање на повратни информации од работодавачите и работниците и идентификување на проблемите и можните решенија во пркса.
- Подигнување на свеста за корисност од механизмите за информирање и консултирање во кризни ситуации, со промоција на добри пракси како што се:
- формирање на кризни одбори кои што ги вклучуваат претставниците на работниците и се задолжени за координација на марките за заштита на работниците, нивното информирање и консултирање во процесот на донесување на одлуки,
- вклучување на работниците во усвојување на адекватни мерки за заштита на здравјето и безбедноста при работа,
- аранжмани за флексибилност на работното време и работење на далечина,
- вклучување на работниците во разговори и преговори за мерките за заштита на природата.
- Промовирање на подобро користење на учеството на работниците во прашањата што се во врска со климатските промени и имплементација на Европскиот зелен договор, низ:
- активности на образованието и подигнување на свеста за климатските промени што се насочени кон работниците,
- активно вклучување на работниците во донесувањето на одлуки за политиките во врска со заштита на животната средина и пракса на работното место,
- обука и стручно усовршување на работниците за одржливи технологии и пракси,
- препознавање и наградување на трудот на работниците во врска со усвојување на зелените пракси и за придонесување на ублажување на климатските промени (награди, бонуси и јавно признание),
Србија
Заинтересираните страни во Србија ги идентификувале следните точки како можни чекори во подобрување на нивоата и квалитетот на учеството на работниците во земјоделствотото:
- Транспозиција на Европската директива за информирање и консултирање (моментално планирано за 2025. година со усвојување на новиот Закон за трудот);
- Организирање разговори со работниците во секторот за земјоделство за тоа како да ги вклучат во процесите на донесување на одлуки на ниво на компанија, посебно во врска со нивните услови за работа;
- Промовирање на социјалниот дијалог на сите нивоа за темите кои што се однесуваат на климатските промени, како што се намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, енергетска ефикасност, намалување на загадување на ниво на компанија и сл.
Словенија
Заинтересираните страни во Словенија ги идентификувале следните точки како можни чекори во подобрување на нивоата и квалитетот на учеството на работниците во земјоделствотото:
- Креирањето на структурата на управување и учество која би ги интегрирала заинтересираните страно во донесувањето на одлуки и следење на спроведувањето на политиките во врска со руралните подрачја и климатските промени;
Шпанија
Заинтересираните страни во Шпанија ги идентификувале следните точки како можни чекори во подобрување на нивоата и квалитетот на учеството на работниците во земјоделствотото:
- Подобрување на националната правна рамка за учество на работниците, со фокус на осигурување на јасен и концизен пренос на релативните информации на сите работници на најбрз можен начин,
- Поттикнување на состаноци помеѓу сите заинтересирани страни,
- Спроведување на анкети за предлозите на работниците и подобрувањата,
- Подобрување на примена на постоечката правна рамка со создавање на доверба помеѓу работодавачите и работниците и со промовирање на креирање и спроведување на заеднички планови за делување,
- Промовирање на добра пракса во користењето на механизмите за учество на работниците во кризни ситуации, низ:
- изработка на протокол за спроведување на процедурите и дејствијата на плански, организиран и систематски начин,
- промовирање на технички, психолошки и социјални компетенции на работницте во врска со нивниот професионален и приватен живот.
- Обезбедување на обука за работниците и нивните претставници за прашањата во врска со климатските промени како што се:
- гасови со ефект на стаклена грдина и обновливи извори на енергија,
- иновација како климатски прифатлив алат кој што гарантира правичност и исплатливост,
- локални производи,
- рециклирање и управување со отпад,
- одржлива мобилност.